0 коментари 1 мин. читање

From Darkness е игра во документарна форма, базирана на обемно истражување во Кенија и Уганда

From Darkness е невообичаена видеоигра во форма на документарец која ве става во центарот на конфликтите на источна Африка. Играјќи како белгиски новинар, играта ви приложува образовен коктел од аудио, видео и тродимензионално истражување кои би требало да ви помогне да ја најдете исчезната ќерка.

From Darkness е заснована на длабоко истражување во Кенија и Уганда, заедно со блиска соработка со невладините организации во Африка и потпомогнато од бројни интервјуа со жителите од тие предели. Резултатот од сево ова е над шеесет часа интервјуа и видео материјали кои допринесуваат до напнато и, пред се, интерактивно искуство во форма на документарец. Самиот гејмплеј систем е базиран на уметничката колаж техника која комбинира оригинални видео материјали, слики и звуци во мулти-димензионална околина.

„Играта“ е замислена да ви дозволи да истражувате и откривате слоеви од приказни, сеќавања, политички контексти и сонови. Ваквиот финален продукт е остварен од австриската група уметници, gold extra, кои се познати и по нивните други документарни игри како Frontiers, Totem’s Sound и Sole City, но и по бројни излагања низ европските музеи.

Бесплатно запливајте во оваа, малку поразлична авантура со кликнување на следниот линк!

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Мени
Заедница
Изглед
To top