Без никакво сомневање, замената на хартиени картички со нови електронски картички е одлично решение. Имплементацијата на истото, не баш. Најголемиот проблем е со ограничувањето за купувањето на билетите. Дополнително, чудното инсистирање на ЈСП за плаќање со мобилен или електронски билет е проблематично; главна причина е тоа што двата телеком оператори не се еднакво третирани и билети може да се платат единствено од еден од операторите.
Недостапноста на билети во автобусите сега е најголемиот проблем. ЈСП најавува дека и во автобусите ќе има билети, но засега ова не е случај.

Системот кој се користи во Шведска и е креиран од естонскиот стартап Ridango, е едно од најсовремените решенија. Ridango e добитник на повеќе награди во Шведска, а разликата со решението на ЈСП и не е толку голема. Сепак Ridango овозможува купување и издавање на билети во автобусите. Сепак клучната разлика е во исплатата со телефон. Решението на Ridago овозможува скенирање на QR-код за плаќање.
Апликацијaта е достапна за преземање за сите телефони и го прикажува кодот кога има потреба од ова.







