Darkest Dungeon II ќе излезе за PlayStation на 15 јули!

Пред една година, Darkest Dungeon II успеа одлично да се надоврзa на оригиналната игра и да понуди значителни подобрувања на уникатната Dungeon Crawler формула. Значително проширувајќи ги turn-based механиките, овој roguelite одново ви дозволи да се грижите не само за физичкото туку и менталното здравје на вашите херои.

Бројните форми на демоните

Покрај подобрената графика, Darkest Dungeon II ги импресионира фановите со нов систем за токени. Благодарение на овој систем, долуките кои ги донесувате заземаат подлабока димензија и кријат повеќе-слојни последици. За време на експедициите, кои се со времетраење од половина час, па се до неколку часа, ќе испеете да откриете лични и драматични детали за историјата на секој херој. Навлегувајќи во овие второ-степени приказни, ќе ви помогне да го отклучите нивниот целосен потенцијал и да користите различни вештини, предмети и способности.

Охрабрени од успехот на Darkest Dungeon II, развојното студиот Red Hook Studios објави едно последователно DLC полно со забавни содржини. Насловен како The Binding Blade, додатокот ви дозволува да играте со уште два дополнителни херои. Се работи за комплексно иградени херои кои си имаат нивна трагична историја, но и широк спектар од способности, оружја и предмети.

И пред да почнете да превртувате со очите, да ви ја кажеме веста поради која дојдовте тука: Darkest Dungeon II: Oblivion Edition ќе ја содржи основната игра и додатокот, а ќе излезе за PS4 и PS5 на 15 јули.

„Со огромно нетрпение го исчекуваме излегувањето на Darkest Dungeon II на PlayStation“, рече Тајлер Сигман, директор за дизајн во студиото Red Hook. „Играта се игра одлично со контролерот DualSense – успеавме да додадеме бројни дополнителни работи и финеси, како чукање на срцето на херојот кога ги троши последните моменти, или пак да го симилираме тркалањето на тркалата на кочијата со која се патува. Имавме навистина среќа при наоѓање силна заедница на PlayStation за оригиналната игра и се надеваме дека истото ќе биде и со продолжетокот“.

Моментно, тимот зад Darkest Dungeons II работи на целосно нов режим на игра кој се вика Kingdoms. Преку овој мод, играчите ќе навлезат во брзоплета трка со времето и ќе бараат да ликвидираат одредена монструозна закана. За да успеат во целта, играчите ќе патуваат низ различни земји и ќе собираат ресурси кои подоцна ќе ги користат за надградба на хероите и таверните. Во поглед на непријателите со кои ќе се соочувате, тимот работи на три нови фракции!

Kingdoms надополнувањето ќе биде бесплатно за сите сопственици на основната игра.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments