Дали обичните телефони можат да се вратат во мода?

Живееме во време во кое технологијата го движи светот. Речиси и да нема поле во нашите животи во кое што технологијата не игра огромна улога.

Технологијата стигна до ниво каде што покрај сите бенефити кои што ги нуди, почна да создава и веќе има создадено и е-болести кои што сериозно влијаат на физичкото и менталното здравје на сите нас.

Доколку се земат во предвид повеќе анализи за просечното поминато време пред екраните, се доаѓа до бројка од нешто повеќе од 6 часа дневно на глобално ниво.

Анкетата од пред неколку дена покажа дека и младата генерација во Македонија не е нешто подобра, односно 20% од испитаниците одговорија дека поминуваат повеќе од 6 часа дневно на социјалните мрежи.

Овие бројки се дефинитивно превисоки, а паметните телефони се најголемите виновници за овие резултати.

Кога зборуваме за технологија, во ниту еден случај не можеме да го изоставиме САД, како држава двигател и мотор на технолошките промени. Microsoft, Meta, Apple, Amazon се америчките компании кои се најзаслужни за интеграцијата на технологијата во секој можен сегмент од нашите животи.

Gen Z е првата генерација која што е родена со технологија во рака, а исто така и има израснато во време на најголемите технолошки промени. А, дали токму оваа генерација е првата генерација која е изморена од прекумерното користење на паметните телефони?

За регулирање на времето поминато пред екраните постојат мал милион начини, а има и куп апликации кои што се дизајнирани токму за редуцирање на овој проблем.

Нов начин за редуцирање на времето поминато пред екран

Gen Z во САД веќе применуваат еден доста поразличен начин за редуцирање на времето пред екраните, односно тие ги менуваат паметните телефони за обични телефони.

Компаниите како HMD Global (производителот на Nokia телефони), продолжуваат да продаваат милиони мобилни телефони кои потсетуваат на оние популарни во раните 2000-ти. Ова ги вклучува познатите традиционални телефони со преклопување или лизгање кои сега имаат дополнителни функции како што се локација и хотспот.

Во САД, HMD Global забележа зголемување на продажбата на традиционални мобилни телефони во 2022 година, со десетици илјади продадени секој месец. Сепак, глобалната продажба на мобилни телефони на компанијата се намали во истиот период.

Кои се најпопуларните традиционални мобилни телефони сега?

Nokia 2780

Спецификации:

  • 5MP предна камера
  • 512 MB RAM меморија
  • Видео
  • FM радио

Punkt MP02

Спецификации:

  • Функција за приватност
  • 4G
  • WiFi
  • Минималистички интерфејс (100% базиран на текст)

Alcatel SMARTFLIP

Спецификации:

  • 4G LTE
  • Батерија до 6 часа разговор
  • microSD
  • 2MP камера без блиц

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments