Дали навистина сте побезбедни во автономно возило?

во Останато

Дали автономното возило навистина е побезбедно? Google и други компании веќе неколку години тестираат роботи-возачи за кои споделуваат податоци за сообраќајни незгоди во кои учествуваат нивните возила. До сега знаеме за десетина сообраќајки, сите со една заедничка работа – автономните возила до „буква“ ги почитуваат законите и не се виновни за ниту една незгода.

Сепак последното истражување на Универзитетот Мичиген покажува дека ова не мора да значи дека автономните возила се побезбедни. Бројот на незгоди на поминат километар на автономните возила всушност е поголем од бројот на незгоди кога со возилата управуваат луѓе. Но, доколку возилата не предизвикуваат незгоди, како е можно да имаат повеќе незгоди по километар? Најпрво како што кажуваат и од Универзитетот од Мичиген не станува збор за релевантен статистички показател, бидејќи за 1,6 милиони километри има единствено 11 сообраќајни незгоди. Друг фактор кој можеби придонесува е што луѓето возачи за разлика од автономните возила не секој пат ги пријавуваат незгодите.

Конечно, можеби автономните возила сепак придонесуваат за повеќе незгоди иако самите не ги предизвикуваат. „Можеби автономните возила забавуваат побрзо од луѓето во некои ситуации, што предизвикува почесто да бидат удрени,“ вели Брендон Шоетл, лидер на истражувачите од Универзитетот Мичиген за Vox.

Добра вест е што од овие 11 незгоди само 2 се со повреди (18 отсто), за разлика од ова дури 28 отсто од сообраќајните незгоди кои ги предизвикуваат луѓето завршуваат со повреди. За жал и за потврдата на овој податок треба да бидат извозени повеќе километри, а поради природата на тестовите автономните автомобили сè уште не се тестираат на лизгав пат, на снег или во магла што значително го зголемува процентот на сообраќајки.

Можеби поинтересен за разгледување би бил периодот по транзицијата, откако сите возила ќе бидат автономни. Доколку тогаш сообраќајот е побезбеден тогаш технологијата без сомневање ја завршила својата улога.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk