Дали можат „мобилни келнери“ да ја подобрат услугата во македонските ресторани?

во ИТ.МК, Статии

Сите сакаме побрза услуга, од гостите до угостителите. Но како до таа услуга? R-keeper, руски сервис кој од неодамна е достапен во Македонија, верува дека го има решението за модернизација на угостителството. R-keeper e софтвер кој e наменет за еден куп бизниси – од хотели, ресторани, кафулиња, клубови, достава, ресторани за брза храна, бањски и други болнички-сместувачки капацитети, до аква паркови, клубови за билијард и играчници – на кои им нуди асистенција во работата преку нови технолошки решенија, како екрани на допир или безжични мобилни келнери.

„Сите сме воедно и потрошувачи и знаеме дека потребата од брза услуга, особено во рестораните и кафулињата каде некогаш седнуваме и сосема накусо е клучна во такви објекти“, вели Климент Николоски од Conexa Solution, кои се официјални увозници на R-keeper во Македонија. „Досега, кај нас не е забележано користење на сличен производ, иако има обиди за модернизација, и токму затоа, почувствувавме уште посилна потреба кај угостителите, но и кај потрошувачите за ваков тип услуга. Тоа, всушност и ни даде поттик, односно на некој начин ни беше „ветер во грбот“ да стартуваме со ваков тип на работа, да создаваме брзина и квалитет“.

Платформата е поделена на неколку модуларни решенија кои се интероперабилни. R-Keeper овозможува централизирана работа на ланци на објекти, но истовремено е прилагоден и за помалите локални бизниси. R-Keeper Каса е еден од модулите кои им овозможува на келнерите да ги видат деталите за зафатеноста на маси, додавање на нарачки или наплата, истовремено оневозможувајќи превземање на маси од други келнери. Алатката доаѓа со тастери за брзо бирање на кој може да се интегрира и слика, а со тоа да се забрза работата. R-Keeper „Мобилен келнер“ овозможува келнерите со помош на паметни уреди како iPod Touch или iPad да ја поедностават својата работа. Друг модул е Storehouse кој овозможува автоматизацијата на магацинот и со контрола и следење на податоците за поефикасно работење.

Првите објекти кои ги користат услугите на R-Keeper во Македонија се Veneto Italian Restaurant во Skopje City Mall, Casa Cubana на кејот на Вардар и дискотеката De Facto во Гевгелија.

[youtube]FvQv1yYHXd8[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments