5 коментари 2 мин. читање 14 јануари, 2013

Се поголем е пазарот на евтини паметни телефони

Дали генералната насока во продажбата се движи од квалитетни телефони кон поефтини телефони? Според предвидувањата на пазарот до 2016 година дури 31 отсто од паметните телефони ќе бидат ефтини и помалку квалитетни, јавува BBC. Можеби затоа Apple размислува за поевтин iPhone.

Во корист на предвудвањата оди и интересниот факт што Nokia Asha е продава подобро од Lumia. Вкупно 14 милиони Asha и Lumia паметни телефони се продадени во последните три месеци. Од овој број само 4,4 милиони Lumia телефони и 10 милиони Asha.

 „Помали и поефтини телефони, со процесори стари од  две до три години, со мали екрани со ниска резолуција и лоши камери. На нив може да проверите имејл и да прелистувате по интернет, но играњето и интернет искуството е многу подобро на новите телефони.“, вели Иан Фог аналитичар во IHS.

Во иднина сите производители ќе мора да се посветат на изработка на неколку типови на телефони. Најсовремни кои ќе бидат за најпребирливите потрошувачи, на пример денешните iPhone кој чинат стотици долари, но и на ефтини и квалитетни телефони кои треба да ги заменат телефоните кои сега чинат педесетина долари.

Иако анализата пред се се однесува на iPhone, ова правило ќе важи за сите производители. Барем во догледно време аналитичарите предвидуваат поголем пораст на пазарот за евтини телефони од ниска и средна класа отколку телефони од најновите генерации.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
5 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Заза
Заза
13 years ago

Купуваш ефтин Андроид телефон и ти доаѓа да се фрлиш од прозор.

petarpan
petarpan
13 years ago

eftini????????? aj kazi koj e eftin telefon da odam uste denes da kupam?

Виктор Дано
13 years ago
Reply to  petarpan

хмм… Nokia Asha можеби? Го прочита текстот или they see me trollin’, they trollin”? :)

petrapan
petrapan
13 years ago

што збориш? абе ти далеку си отишол во некоја друга галаксија со муабетон што го пушти, знаеш, те зануслувам вака: http://www.isciencemag.co.uk/wp-content/uploads/2
Оди ти купи Nokia ASHA, тешка будала

@TwiNN3R
13 years ago
Reply to  petarpan

Многу ефтини андроид смартфони постојат сега…

Мени
Заедница
Изглед
To top