Понекогаш се доволни најситни детали да ни го привлечат вниманието на важните работи. Токму тоа е идејата на шведскиот стартап If Insurance кој креираше GPS апликација за возилата, а упатствата доаѓаат со детски глас.
Името на апликацијата е Slow Down GPS, во која навигацијата ја води гласот на возрасен човек. Но, кога возачот ќе се приближи до место каде постои поголема опасност да има деца на улицата, гласот веднаш се менува во детски. Идејата е да му се обрне внимание на возачот за да биде повнимателен. Во моментов апликацијата е функционална во Скандинавија за каде се одбележани сите локации на училишта, градинки и слично, а за останатите места е доказ за концепт кој може да функционира. Сите корисници можат да внесат локации каде возачот може да очекува деца на патот, па апликацијата би можела да биде актуелна на било која локација. Апликацијата е веќе достапна на Google Play, а најверојатно наскоро ќе се појави и на AppStore.







