Windows 10 може да ги препознае и блокира пиратски софтвер?

во Софтвер

Во надградбата на Windows 10 новиот договор за корисниците – EULA, вели дека оперативниот систем може да детектира и да блокира нелегални видеоигри или хардвер. Промената ја забележи Alphr и според првите коментари се однесува на услугите на Microsoft, а не на оперативниот систем.

Промената е направена да се заштитат Xbox Live и WIndows Store содржини, а пиратираните содржини на PC, се чини дека се безбедни, вели Gamespot. Дополнително во правилата за користење Microsoft вели дека може да детектира неавторизиран хардвер и да го исклучи. За сега е нејасно за што точно станува збор, иако можеби станува збор за хакнати Xbox конзоли, а можеби и се однесува на контролери кои му помагаат на играчот да дојде до предност, но овој дел е речиси потполно нејасен.

„Може автоматски да ја провериме верзијата на софтверот и да преземеме надградба за софтверот, вклучувајќи надградби кои ќе спречат преистап до услуги, играње на пиратирани игри или користење на невторизирани хардвер периферини уреди“, вели Gamespot. Се чини дека промените во EULA се однесуваат на софтверот кој постои во Windows Store, иако барем засега се ова е без потврда од Microsoft. Тоа сепак што е потврдено е што некои стари игри нема да се играат токму поради анти-пиратскиот софтвер.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments