Дали сте сигурни дека можете да разликувате робот од човек? New York Times има одличен тест во кој преку статии и текстови напишани од новинари и од алгоритам ќе може да видите дали баш секојпат може да ги разликувате компјутерите од луѓето. Тестот е составен од новинарски статии, поеми креирани од апликации и други пасуси од најразлична содржина. Ова е дел од тестот.
„Кити не можеше да заспие долго време. Нејзините нерви беа напнати како две затегнати жици, па дури и чашата врело вино кое Вронски ја натера да го испие, не и помогна. Лежеше во креветот, а во главата постојано и се вртеше ужасната сцена од ливадата…“
Ова парче текст е напишано од робот. Ќе можете да направите разлика?







