Сепак се витка! Samsung мораше да ja правда издржливоста на Galaxy S6 Edge

Се сеќавате на пресмешната реклама на Samsung „Curved not bend“? Епа се чини дека можат да ја повторат, само овој пат наместо за iPhone 6 Plus, за сопствениот Galaxy S6 Edge. Тестoвите за издржливост на SquareTrade покажуваат дека и Samsung Galaxy S6 Edge се деформира на ист притисок како и iPhone 6 Plus, односно двата телефони се деформираат под 490 N.

Но, во обид да ги намали критиките, Samsung креираше сопствено видео на тестовите во кое покажува колку тешко се кршат пет моливи, а ако им веруваме на Samsung 5 моливи се кршат дури и потешко… Токму ова е границата на издржливоста на телефонот. Компанијата вели дека телефонот не се деформира под 313 N (или сила под која се кршат пет моливи), што сепак е повеќе отколку силата со која ќе се сретне телефонот при нормални услови, вели Samsung. „Нашите уреди се изложени на ригорозни тестови за квалитет пред да бидат испорачани на корисниците. Овие тестови се составени од испитување под различни услови: пад, виткање и кршење. Убедени сме дека нашите телефони не се деформираат при нормално секојдневно користење…“, вели јужнокорејската компанија.

Еве ги видеата од тестовите кои ги направија SquareTrade и Samsung.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk