Гејминг преку облак не е нова идеја и веројатно има барем десетина сериозни компании кои во некој период последниве 10 години најавиле сопствена платформа. Најново име на листата е Shadow, компанија од Сан Франциско.

За играње на облакот на Shadow е потребен не баш моќен Linux компјутер наречен Ghost. Со овој компјутер корисникот се поврзува со облакот каде се прават комплексните пресметки. Со моќта на облакот Linus играше Rise of the Tomb Raider на висок квалитет и со над 100 fps.

Разликата помеѓу Shadow и останатите компании кои нудат гејминг во облакот е во пристапот. Компанијата работи на сопствени сервери, разликата е во тоа што на процесорите се виртуелизираат, но секој Shadow модул има сопствена графичка картичка. Ова овозможува 1080р 144Hz или 4К гејминг на 60 Hz.

Сепак ова не е најголемиот проблем на играњето во облак. Доцнењето помеѓу командите и настаните (латенција) е најголем предизвик. За надминување на овој проблем Shadow разви сопствен хардвер. Доцнењето во идеални услови е околу 5 ms, иако ова значи многу голема близина до серверите и прилично добра интернет врска.

Што сѐ друго е направено за идеално играње во облакот погледнете во видеото.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments