Најмодерниот руски робот не е робот, туку човек во костум

0 коментари 1 мин. читање

Сите кои го видоа најновиот руски андроид Борис сметаа дека е еден од најнапредните роботи направени досега. Роботот играше и се движеше речиси како човек, но по се изгледа дека има едноставно објаснување за ова. Станува збор за човек, а роботот е само костум. Телевизијата Russia-24 пренесе дека ова е еден од најсовремените роботи.

Настанот на кој беше „претставен“ Борис е „Идни интелектуални лидери на Русија“, и никој од организаторите не се обидел да измами никого. Измамата доаѓа единствено од телевизијата Russia-24.

https://youtu.be/4YUqUunt3Ns

Измамата ја открија блогерите од tjournal. Тие забележаа дека роботот нема никакви сензори, а недостасуваа и било какви официјални и неофицијални податоци. Всушност и не станува збор за специјално изработен костум. Оделото е достапно во продажба под име „Робот Алёша“. Секако секој од посетителите на настанот можел да забележи дека станува збор за костум, а не за вистински робот. На фотографии објавени на друштвените мрежи може лесно да се забележи вратот на човекот кој го носи костумот.

Сепак станува збор за скап и софистициран костум кој има микрофони, таблет и чини 3 800 долари!

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед