Дали деновите на Twitter и на останатите моментално популарни мрежи им се одброени? Можеби, доколку на Далтон Калдвел, основачот на App.net му тргне како што планира. Г. Далтон за овој проект бараше инвестиција од 500.000 долари на Kickstar, а со помош на 12.288 корисници обезбеди повеќе од доволно – 800.000 долари.
App.net, како што објаснува авторот, е друштвен фид во вистинско време, а целта му е да обезбеди сервис на кој корисниците му се на прво место, без никакви реклами. Но, корисниците ќе плаќаат претплата од 50 долари годишно за пристап, додека програмерите 100 долари за пристап до API-ја и поддршка.
Изгледот наликува на фидот изгледа како Twitter, и можете да го погледнете на https://alpha.app.net. Засега App.net изгледа прилично „голо“, но во моментот е подигната само функционална веб апликација и API, додека вистинската и макотрпна работа допрва следува. Има уште многу работа до крајниот продукт, а развивачите кои ќе учествуваат во овој проект и на што конкретно ќе работат, можете да видите на GitHub.