Многу алитичарите сè уште се зачудени, и се чини дека никој го нема вистинскиот одговор зошто Google се реши да ги купи Frommer’s за 23 милиони долари и зошто сега интернет пребарувачот е заинтересиран да креира содржина.
Кaко што вели AllThingsD, Frommer ќе биде дел од Zagat, уште една туристичка компанија која Google ја купи пред скоро година дена. Zagat нуди водичи за ресторани, но се работи за водичи креирани од корисниците, додека Frommer’s има тим на уредници способни да креираат професионални (и поквалитетни) водичи. Токму заради тоа водичите на Zagat во иднина препораките би можеле да бидат запишани под брендот на Frommer’s.
Според Google, ќе биде олеснето одговарањето на прашања на пример за избор на ресторан, а на корисниците ќе им биде испорачана препорака за ресторанот и начин за стигнување до локацијата. Тоа што може да следи е Google да ги претвори овие два бренда во „рецензии“ за милионите локации кои се резултати во пребарувањето, со што ќе им понуди на корисниците куп информации од свои сервиси (заедно со реклами) директно преку пребарувачот. Ова треба да допринесе за поедноставување на избор на дестинации при патувањата.
Сепак аквизицијата може да му донесе и нови проблеми на Google. Организацијата за заштита на потрошувачите Consumer Watchdog е загрижена дека компанијата ќе ги претпочита своите услуги во пребарувачот и со тоа ќе ги оштетува конкурентските компании. Истата загриженост ја делат и во FairSearch.org кои како најистакнат член на својата организација го имаат креаторот на директниот конкурент на Google, Bing на Microsoft. FairSearch ги охрабруваат институциите да ја разгледаат можноста која ја има Google поради својата доминација во пребарувањето, да не ги испраќаат корисниците кон конурентните компании.
Аквизицијата на Frommer е лоша вест и за нивните конкуренти како Yelp, чија вредност падна за 7 проценти, и Expedia, кои загубија 2 проценти.







