0 коментари 1 мин. читање 22 мај, 2014

Дали би потрошиле 250 долари за паметниот часовник на Motorola?

Најубавиот паметен часовник кој сме го виделе досега Moto 360 можеби ќе чини само 250 долари, предвидува Engadget. Ова ќе го стави Moto 360 на средини, помеѓу Gear 2 кој чини 300 долари и Pebble кој e далеку поевтин.

Со оглед на тоа дека Moto 360 најверојатно ќе биде првиот часовник кој ќе дојде со Android Wear можно е од Motorola да излезат со повисока цена. Дополнително часовникот не само што изгледа фантастично, мора да се признае дека кога станува збор за паметните часовници досега не сме виделе повозбудлив производ. Мото 360 ќе биде достапен летово, најверојатно нешто порано Motorola ќе ја објави цената и ќе може да го видиме часовникот во акција.

[youtube]Nz7MjoCykNU[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top