eBay побара од 145 милиони корисници да си ја сменат пробиената лозинка

0 коментари 1 мин. читање

Сајбер напад од пред три месеци ги натера eBay да ги повика сите 145
милиони клиенти да ги променат своите кориснички податоци
. Компанијата објаснува дека финансиските податоците се безбедни, но во сајбер нападот се компромитирани криптираните лозинки и нефинансиските податоци.

Нападот се случил кон крајот на февруари или почетокот на март, а во украдените податоци покрај лозинките, спаѓаат и имејл адресите, домашната адреса, телефонските броеви и датата на раѓање. Напаѓачите ги украле податоците откако дошле до логини и лозинки на дел од вработените, што понатаму им овозможило пристап до серверот.

„Безбедноста на информациите и заштитата на корисничките податоци се од огромно значење за eBay Inv., еBay жали поради непријатностите и загриженоста кој ова ресетирање на лозинките може да ги предизвика кај нашите клиенти. Знаеме дека клиентите ни укажале доверба со нивните податоци, а ние сме сериозни во намерата тие да бидат безбедни, сигурни и доверливи на глобалниот пазар“.

Засега нема податоци за злоупотреба на податоците од напаѓачите, но сепак eBay им советува да бидат внимателни, особено доколку ја користат истата комбинација на имејл адреса и лозинка и на други сервиси. Компанијата објави дека веќе започнала да испраќа пошта до своите корисници со која ги предупредува да ги променат лозинките на eBay, но и на сите места каде што ја користат оваа лозинка.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед