Дали Betaworks ќе го врати Digg од мртвите?

Неодамна Betaworks го купи некогаш популарниот Digg за цена од 500,000 долари, додека во аквизацијата учествуваа LinkedIn и Washington Post кои вкупно исплатија 16 милиони долари за патентите на Digg и тимот кој го водеше сајтот. Digg беше пионир меѓу друштвените мрежи за споделување на линкови, меѓу први воведоа друштвени аспекти како следење на пријателите, но некако во последните години заостана зад Reddit и другите слични сервиси. Но, тоа не е крај на сајтот вели Betaworks.

„Со овој чекор стапнуваме на првата степеница за Digg повторно да го направиме најдобро место за пронаоѓање, читање и разменување на најинтересните приказни кои кружат низ интернетот.“, стои на Rethink Digg.

Интересен е фактот дека Digg го враќаат како стартап и ќе биде изграден од нула. Исто така, новата тројка на основачи – Џек Левин, Мајкл Јанг и Џастин Ван Слебрук ги повикуваат корисниците да учествуваат во анкета и заедно да го подобрат овој сервис.

Од Betaworks се оптимисти и се надеваат дека „новото лансирање на Digg ќе биде почеток, а не крај. Ова е почеток на една нова генерација нa Digg“, додека нам ни останува да почекаме до 1 август и да видиме какво изненадување ќе не дочека на адресата на Digg.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments