0 коментари 1 мин. читање 23 јули, 2012

Аpple ќе го намали конекторот на идните iPhone телефони

Новиот iPhone ќе има порт со 19-пинови, наместо со 30 пинови. Ова е конекторот преку кој се поврзува телефонот со компјутер за да се наполни или да се синхронизира со iTunes. Информацијата доаѓа од Reuters кој пишува и дека новиот супер телефон од Apple ќе се појави во октомври.

Конекторот ќе биде намален за да се направи место за слушалките кои ќе се вклучуваат на најдолниот дел од уредот, велат извори блиски до компанијата. Промена на дизајнот ќе биде корисна за плејадата iPhone додатоци како звучници или аларми.

Промената на конекторот нема да им значи многу на корисниците на постари iPhone уреди, ниту на тие што ќе го купат iPhone 5, можеби само ако некој го заборави својот кабел. Но, проблем може да имаат корисниците што користат разни додатоци на кои сега нема да можат да го закачат својот нов телефон.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top