0 коментари 2 мин. читање 28 февруари, 2014

Далеј Лама се приклучи на Instagram

Спиритуалниот лидер на Тибет се приклучи на Instagram платформата за споделување на слики, но ова не е прв профил на Далај Лама на друштвените мрежи. Далеј Лама го објави своето активирање на Instagram преку својот Twitter профил.

На профилот на Далај Лама има 16 споделени фотографии, а за кус период го следат речиси 22.000 следбеници, неговиот Twitter профил пак има 8.51 милиони следбеници. Далај Лама е еден од светските лидери кои редовно ги употребува друштвените мрежи и поради својот карактер и духовност е еден од најпопуларните лидери.

„Зависи како ги користите [друштвените мрежи]. Доколку личноста има внатрешна сила, самодоверба, тогаш нема ороблем. Доколку умот на индивидуата е слаб тогаш доаѓа до конфузија. Не може да ја обвинувате технологијата. Зависи од корисникот кои ја употребува технологијата.“- одговори г.Лама на прашањето на Time „дали Facebook и Twitter помагаат ви нашата среќа.“

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top