Intel ја претстави новата генерација на 64-битни мобилни процесори

во Мобилни, Хардвер

Intel ги претстави Merrifield и Moorefield следната генерација на 64-битни процесори за паметни телефони. Двата процесора се дел од Atom серијата односно Atom Z3400 Merrifield е двојадрен процесор, а Atom Z3500 Moorefield четири јадрен процесор.

Со овие процесори Intel се надева на поголем удел во пазарот на паметни телефони, а според првите тестови процесорите се навистина импресивни. Atom Z3400 ќе понуди подобри перформанси, а ќе биде и поефикасен кога е во прашање батеријата, Merrifield ќе работи со фрекфенција од 2,13 GHz, а доаѓа со интегриран PowerVR G6400 процесор. Процесорот подржува 4 GB RAM, 256 GB флеш меморија, резолуција на камера до 13 МР и тестиран е со последната верзија на Android 4.4.2.

Atom Z3500 Moоrefield e 8-јадрен 64-битен процесорсо работна фрекфенција од 2,3 GHz. Како и Z3400 ќе подржува 4GB RAM, 256 GB флеш меморија PowerVR, 13 МР камера и тестиран е со Android 4.4.2. Тестовите на Intel покажуваат дека Merrifield најмалку ја оптоварува батеријата во споредба со Аpple А7 и Snapdragon 800. Moorefield пак на бенчмарк тестовите има подобри резултати од A7 и Snapdragon 800.

Atom Z3400 е највен за почетокот на пролетта, односно почетокот на второто тримесечие на 2014 година. Atom 3500 ќе дојде малку подоцна во втората половина од годината. Уделот на Intel процесори во мобилните уреди е занемарлив, а компанијата започна соработка со LEnovo, ASUS и Foxconn кој треба да понудат уреди со Atom процесори, најверојатно станува збор за новите 64-битни процесори.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk