0 коментари 3 мин. читање 28 февруари, 2014

Google закажа конференција за „направи-си-сам“ телефоните од Project Ara

Project Ara, иницијативата на Motorola и еден од ретките оддели кои останаа во сопственост на Google, откако Motorola беше продадена на Lenovo може да започне со реализација, а првите модуларни телефони ќе се појават во почетокот на следната година, јавува Time. Google започнува со првите конференции за девелоперите на кои заинтересираните ќе бидат запознаени со постоечките и планирани функции на Project Ara. Конференцијата е закажана за 15-16 април и пред се е фокусирана на алфа верзијата на Ara Module Developer Kit кој е најавен за почетокот на април. Иако конференцијата е наменета за развивачи, преку веб во живо ќе можат да ја следат сите заинтересирани ентузијасти.

[youtube]zG_uwDqLsZY[/youtube]

Модуларниот телефон од Google ќе доаѓа во три големини мини, средна и џамбо. Основната варијанта на телефонот ќе доаѓа за 50 долари. Овој модел ќе доаѓа со WiFi, но без телефонска врска, сепак со оглед на тоа дека телефонот доаѓа во делови корисниците подоцна ќе можат да ги додадат овие модули. Ова е најголемата предност која ја има овој концепт во споредба со традиционалните паметни телефони кај кој доколку застари телефонот или се расипе некој дел целиот мора да се замени.

Засега е сигурно дека првите основи (делот на кој се монтираат останатите модули) на Ara телефоните ќе доаѓа од Google, со што компанијата би го задржала развојот на овие уреди во своите раце, а ќе се овозможи и стандардизација на модулите. Првитежа верзии на телефоните ќе бидат дебели околу 10 милиметри, а модулите ќе се заклучуваат и дополнитело со помош на апликација, па корисниците нема да можат да ги извадат ненамерно или поради грешка. Хардверот нема да биде единствен дел кој корисниците ќе можат да го одберат, 3Д-принтањето ќе овозможи и „декорацијата“ на телефоните да биде целосно изменлива. Ова ќе овозможи во зависност од креативноста, секој да биде потполно задоволен од својот телефон.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top