0 коментари 1 мин. читање

Ерик Шмит од Google советува како да се префрлите од iPhone на Android

Извршниот директор на Google, Ерик Шмит на својот Google+ профил понуди свој водич како да се префрлите од iPhone на некој од Android телефоните. Потегот на г. Шмит кој доаѓа е одличен начин за здобивање на публицитет на платформата на Google во период пред новогодишните празници. Покрај Android, г. Шмит открива и дека Chrome e многу подобар и побезбеден прелистувач од Safari.

„Голем број од моите пријатели кои поседуваат iPhone се префрлаат на Android. Новите телефони како Galaxy S4, Nexus 5, Motorola Droid Ultra имаат подобри екрани, побрзи се и имаат поинтуитивен интерфејс. Android паметните телефони се одличен подарок за секој сопственик на iPhone“, вели тој. „Како што корисниците кои се префрлија од PC на MAC не зажалија, нema да зажалат ниту корисниците кој ќе се префрлат од iOS на Android. Се ви е на дофат во облакот, имате бекап, а според последните анкети дури 80 отсто од светот одбира Android.“

Рекламата можеби и ќе биде трн во окото на Apple, но оваа маркетинг стратегија токму тие многу почесто ја користат. Од рекламите „Real People“, па до се до прес конференциите на Apple на кои наместо да ги презентираат своите уреди, најчесто неаргументирано објаснуваат зошто е лоша конкуренцијата.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top