0 коментари 2 мин. читање 20 декември, 2013

Oд твит преку краудфандинг до прв автомобил составен целосно од Lego коцки

Над 500.000 лего коцки, осумнаесет месеци работа и само еден твит им беа потребни на Стив Самарино и Раул Оиада да го направат единствениот автомобил oд лего коцки кој може да се вози на улица со брзина од 20 km/h. Со исклучок на тркалата целиот автомобил е изработен од Lego коцки, а најкомлициран дел од склопувањето е моторот за кој е потребно прилично иновативно размислување. Aвтомобилот се движи од мотор на воздух составен од Lego коцки.

Автомобилот е склопен во Романија, а финансиран од од четириесетина Австралијанци кои инвестираа во проектот. Жителите на Мелбурн се првите кои можат да го видат автомобилот во акција, а засега нема планови за зголемување на бројот на возила.

„Јас сум технолошки ентузијаст и сакав да покажам што може да се изработи crowd-funding на идеја и користење намлади талентирани луѓе. Го запознав ова лудо момче од Романија на Интернет и дојдовме до идеја, но знаевме дека немаме доволно средства за реализација“, вели еден од креаторите на автомобилот Стив Самартино за BBC.

[youtube]_ObE4_nMCjE[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top