Време е Flash да умре, вели шефот за безбедност на Facebook

1 коментар 1 мин. читање

Flash е на најдобар пат да отиде во историјата. Прв кој му објави „војна“ на Flash беше Стив Џобс, a сега критики за небезбедниот софтвер доаѓаат и од Алекс Стамос кој е задолжен за безбедноста на Facebook. Тој од Adobe побара конечна дата на која Flash ќе престане да функционира, бидејќи смета дека ова е единствениот начини девелоперите и корисниците конечно да се збогуваат со платформата. Интересно покрај тоа што критиките доаѓаат од шефот за безбедност на најголемата друштвена мрежа, Facebook го користи Flash за своите реклами и видео содржини.

Google кој исто така има замерки на Flash веќе започна да се подготвува за животот по Flash, компанијата започна со автоматска промена од Flash во HTML5, слична промена компанијата направи и на YouTube каде сите видео содржини веќе се HTML5. Видеоигрите во прелистувач бавно се префрлаат од Flash на HTML5 и главно остануваат на старата платформа. Како причина за ова порано беше наведувана подршката за HTML5 која недостасуваше, но тоа е веќе минато, а безбедноста не е единствена придобивка за развивачите на видеоигри.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top