{mosimage}Швајцарската компанија Netcetera која има свое претставништво во Скопје, и оваа година го организира натпреварот по програмирање CodeFu и ги поканува сите студенти, апсолвенти и постдипломци да се пријават и да ги покажат своите способности. Пријавувањето се врши преку сајтот CodeFu.com.mk и сите заинтересирани можат да се пријават до 19 Април.
На натпреварот му претстои и загревање кое ќе се оддржи овој викенд, поточно недела 13.04.2008 од 18 до 20 часот, но резултатите од ова "загревање" нема да се вбројуваат во натпреварот. Сепак.. добра можност да освоите iPod video 4GB.
На главниот натпревар, чија прва рунда ќе се оддржи онлајн на 20 Април од 12 до 14 часот и 100-те најдобри ќе продолжат во втората рунда од која 32 ќе продолжат во третата, каде што тројцата најдобри во оваа рунда (финалната рунда ќе се оддржи на 1 Јуни од 11 до 13 часот) кои ќе ги покажат вистинските способности во програмирање ќе бидат испратени на Jazoon – Интернационална Java конференција во Цирих, Швајцарција која ќе се оддржи на 23 Јуни. На победниците ќе им бидат покриени патните трошоци, хотелот и слично.
Во секоја рунда ќе бидат презентирани 5 проблеми кои ќе донесат 100, 200, 300, 400 или 500 поени.
За да учествувате треба да сте постари од 18 години и да сте македонски граѓанин.
Повеќе информации се достапни на CodeFu.com.mk.
(Не знам зошто, но нема македонска верзија на сајтот…)






