0 коментари 2 мин. читање

Yahoo! ќе тестира AdSense реклами

{mosimage}Во своето вчерашно соопштение за јавност, Yahoo! изјави дека во следниот период ќе изврши ограничено тестирање на услугата Google Adsense за објавување на реклами при пребарувања. Тестирањето ќе биде ограничено на 3% од резултатите во следните две недели и рекламите од AdSense ќе бидат прикажувани само во САД.

Yahoo! во соопштението изјави дека овој чекор е со цел да се проверат сите алтернативи за максимизирање на вредноста на компанијата. Но очигледно и да си поигра со живците на Балмер и Microsoft и да се обиде да извлече подобра зделка.

На сето ова Microsoft изјави дека доколку се усвои и имплементира сегашниот предлог Yahoo! да истакнува AdSense реклами на својот пребарувач, пазарот ќе се соочи со многу нерегуларности бидејќи Google ќе доминира во интернет рекламирањето со скоро 90%.

70 до 75 проценти од сегашниот пазар за рекламирање на интернет пребарувачи му припаѓаат на Google, додека Yahoo! има само "скромни" 15%.

Во соопштението беше објавено и дека овој тест не значи дека Yahoo! за сигурно ќе објавува AdSense реклами во иднина или дека треба да се очекуваат комерцијални зделки помеѓу Google и Yahoo!. Истото беше потврдено и од Google.

Доколку Yahoo! го направи овој "непромислен" чекор и објавува реклами од AdSense, нејасно е што ќе се случи со Panama – платформата за интернет маркетинг на Yahoo! во која компанијата има вложено големи средства.

Во меѓувреме, американските и европски регулаторни тела активно ги следат активностите на Google по купувањето на најголемата компанија за интернет маркетинг DoubleClick.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top