Code Conference: Интернет трендови за 2018

Што нѐ очекува во 2018 кога интернет трендовите се во прашање? Веќе традиционално инвеститорот Мери Микер на Code Conference ги претставува резултатите од анализата која ја прават во текот на целата година.

  • Бројот на онлајн корисници во 2018 ќе порасне на 3,6 милијарди. Ова главно се должи на пошироката застапеност на безжичните мрежи и евтините телефони.
  • Очекувано, најголем од корисниците пристапуваат на интернет од телефон. Времето од 5.9 часови дневно поминато на интернет во 2017, се очекува да порасне во 2018. Секако ова значи и дека рекламите и парите од реклами се префрлаат на новите платформи.
  • Сепак продажбата на паметни телефони во 2017 за првпат немаше раст. Ова главно се должи на заситувањето на пазарот. Слично брзината со која расте бројот на интернет корисници забавува.
  • Онлајн купувањето со паметни телефони е се полесни и очекувано се почесто присутно. Во 2017 имаше 500 милиони корисници кои користеа мобилно плаќање.
  • Корисниците се почесто се преплаќаат на сервиси. Netflix има пораст на претплатниците од 25 отсто; New York Times има пораст од 43 отсто; Spotify пораст од 48 отсто.
  • Големите компании си конкурираат на повеќе полиња. Google со Google Home Ordering влегува во е-трговијата. ОД друга страна Amazon го освојува пребарувањето. Кога производите се во прашање корисниците се префрлија и сега пребаруваат на Amazon, наместо на Google. Alibaba се шири надвор од Кина и се повеќе ќе му конкурира на Amazon.

  • Во 2017 експлодира интересот за криптовалути. Корисниците на Coinbase се зголемија 4 пати во 2018.
  • Гласовното активирање е се поактуелно. Технологијата која користи гласовно команди, пример Amazon Echo и Google Home полека станува интересна за корисниците.
  • Расте бројот на фриленсери. Бројот на фриленсери во САД се зголемил 3 пати повеќе од бројот на обичните работници.
  • Голем дел од интернет корисниците користат онлајн платформи за да ги подобрат своите вештини, без разлика дали станува збор за YouTube видеа или за онлајн курсеви.

Повеќе податоци може да разгледате во слајдовите, или да ја изгледате целата презентација.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments