Human: Move 30 minutes or more е фитнес апликација со која може да го следите секој ваш чекор

Avatar img-thumbnail img-circle

во Совети

Сите сме слушнале дека „30 минути движење дневно е најлесниот начин да се остане здрав“. Следејќи ја таа филозофија Humanco Inc. ја стартува Human: Move 30 minutes or more апликацијата за iOS, која го мери времето кое го поминувате во движење. За разлика од рекреативните апликации, Human го мери секое движење подолго од една минута и тоа без да ја вклучувате апликацијата. Се што е потребно е да го земете телефонот со вас. Апликацијата ги известува корисниците на ској половина час поминат во движење без разлика дали е возење на велосипед, трчање или само вежбање. Покрај ова апликацијата ги забележува и рутите, заедно со сите активносто. Вообичаено по шест недели корисниците започнуваат да се движат повеќе, велат од Humanco.

Мал недостакот на апликацијата е што постојано работи во позадина, а потребно е да бидат постојано вклучени и сензорите на iPhone што значи дека корисниците ќе треба почесто да го полнат телефонот. Од искуство Human и другите вакви апликации можат да потрошат 20 до 30 отсто од батеријата преку ноќ кога не го користите телефони, и малку повеќе преку ден кога правете повици. Друг поголем недостаток е што компанијата ги има податиците за секое движење на своите сервери што е непотребно нарушување на приватноста, иако постои можност корисниците да побараат бришење на податоците.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments