Cloudheim: Ковање нов свет во хаосот на Рагнарок

Во свет распарчен од катаклизмичниот настан Рагнарок, каде што старите богови ги нема, се појавува нова должност. Вие сте избрани да го обликувате следниот свет, а вашата алатка не е само чеканот на ковачот, туку и самиот хаос. Cloudheim, развиен од студиото Gneiss Softworks, е кооперативна акциона RPG игра која на уникатен начин ги спојува брзата борба заснована на физика со длабок систем за крафтање. Кога играта ќе излезе, ќе ви дозволи да ги подготвите сојузниците, да создадете моќни оружја и да ја надградите вашата работилница на небото за да вратите хармонија во скршеното царство.

Борба водена од динамична физика

Она што ja издвојува Cloudheim од другите игри во жанрот е борбенiot систем. Наместо само да се потпира на статистики и вештини, играта ве охрабрува да ја користите околината во ваша корист. Светот е уништлив, а непријателите трпат значително поголема штета кога врз нив ќе срушите столбови, ќе ги фрлите во провалии или ќе ги „џитнете“ еден кон друг. Можете да ги врзете противниците со ласо и да ги повлечете во торнадо, да ги испукате од топови или едноставно да шутнете експлозивно буре кон нив. Овој систем овозможува спектакуларни тимски комбинации, каде што координацијата со соиграчите води до уништувачки резултати и креативни решенија за секоја битка. Ваквото нешто допринесува до огромна забава која е на значително повисоко ниво доколку ја искусувате со вашите пријатели.

Иновативно создавање опрема во реално време

Во Cloudheim можете комотно да заборавите на здодевните менија за изработка на предмети кои го прекинуваат дејството. Cloudheim воведува визуелен и интуитивен систем каде што материјалите се фрлаат директно во станиците за изработка поставени низ светот. Овој пристап овозможува непречена игра, особено во кооперативен режим, бидејќи никој не мора да ја паузира авантурата. Можете да создадете огромен арсенал на оружја, опрема и моќни способности кои веднаш може да ги искористите во битка. Секој предмет што ќе го создадете е чекор поблиску до совладување на предизвиците што претстојат, а доколку не ви е потребен, секогаш можете да го продадете во вашата продавница.

Odin Shell

Вашата база на операции не е обична тврдина, туку масивна, древна желка која лета низ небото, носејќи дел од моќта на мртов бог. Оваа летечка тврдина е вашето засолниште и портал кон светот. Како што напредувате, ќе можете да ја проширувате вашата работилница, да го приспособувате просторот, да водите успешна продавница со пленот од авантурите и да откривате скриени тајни додека вашата база се развива. Базата, соодветно именувана како Odin Shell, е едно од најубавите места, што е особено важно, со оглед на тоа дека базата е замислена да биде вашата појдовна точка кон целиот свет.

Кооперативна авантура и истражување

Иако може да се игра самостојно, Cloudheim е создаден за кооперативен хаос со поддршка за до четири играчи онлајн. Авторите топло препорачуваат да ги здружите силите со пријателите за да истражувате разнобојни острови и мистериозни, постојано променливи зандани исполнети со предизвикувачки непријатели, загатки и вреден плен. Една од најдобрите карактеристики е што сиот плен и отклучени способности се споделуваат меѓу играчите, што го поттикнува тимскиот дух и заедничкиот раст. На вашето патување ќе ве водат и различни суштества кои ќе знаат како да го најдат патот до вашето срце.

Cloudheim се истакнува како топла препорака за сите играчи кои бараат свежо, динамично и хаотично забавно искуство, особено кога се игра со пријатели. Комбинацијата од иновативна борба базирана на физика, интуитивен систем за изработка во реално време и силен фокус на кооперативна игра создава уникатна авантура. Ако сте подготвени да ја отфрлите конвенционалната игра и да се нурнете во визуелно впечатлив свет каде што креативноста и тимската работа се клучни за успехот, тогаш Cloudheim е светот што чека да го освоите и обликувате.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk