Cloud Chamber е нова инди видеоигра од Investigate North која од 7 август конечно ќе биде достапна на Steam, и која ќе претстави нов жанр – Massive Multiplayer Story. И покрај тоа што станува збор за видеоигра, Cloud Chamber всушност е потрага по нов медиум кој ќе ги пренесува пораките кои досега се пренесуваа преку книги или филмови.
[youtube]e9XmLNWyr_I[/youtube]
Најважниот дел од играта се всушност форумите каде играчите дискутираат за своите видување на настаните и за своите теории, а со ова добиваат пристап до заклучени делови на играта. Постовите кои добиваат најмногу позитивни критики ќе бидат наградувани и со тоа ќе се качуваат нагоре на листата.
„Приказната треба да БИДЕ играта – а тоа што недостасува е дека нашите приказни мора да бидат социјално поврзани… Ние сме онлајн генерација“, велат креаторите. „Сакавме да креираме нов вид на игра. Игра која е комбинација на динамичкото задоволство на играњето со емоции од филмовите и социјални односи. Игра каде корисниците се предизвикани да комуницираат, без притоа да има застој во приказната. Игра која размислува и се движи како нас – која може набрзина да ја поиграте или да поминувате цела ноќ, истражувајќи, опкужени од приказната, постојано поврзани.“
Играта најмногу наликува и е своевиден „alternate reality game“ слично на Regenesis која беше своевидна поддршка за истоимената серија, со тоа што таму приказната ги следи настаните од серијата, а тука сепак станува збор за следење на настаните од играта.
[youtube]IKBvEFSTdQs[/youtube]