0 коментари 1 мин. читање 8 март, 2013

Clay.io организира натпревар за студентите во развој на HTML5 игри

Clay.io организира натпревар за изработка на HTML5 игри. Со насловот „Got Game?“, ги поттикнуваат сите студенти да развиваат HTML5 игри, а најдобрите ги очекува и богати награди. Победникот ќе добие 1.500 долари, Github medium план и Construct 2 лиценца.

Натпреварот започна на 5-ти март и трае до 5-ти април. Со оглед на тоа дека има поминато само три денови, сè уште има време и вие да се пријавите и да започнете со развој. Единствен услов е завршените игри да бидат пријавени на Firefox Marketplace и Clay.io Marketplace, а сите права ги задржува екипата што ја има развивано апликацијата.

Одлучувањето на победникот ќе се одвива во неколку фази, односно според бројот на играња на Clay.io, рејтинг од корисниците и од жири. Доколку сте спремни, пријавете се на http://clay.io/competition.

Напишано од

Борис Кузманов

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top