0 коментари 2 мин. читање 8 март, 2013

Android привлекува 112 пати повеќе малициозен софтвер од iOS

Ниту една мобилна платформа не е безбедна, се сложуваат експертите, но Android е далеку позастражувачкИ за безбедноста на корисниците од другите платформи, дури и 112 пати пострашен од платформата на iOS, се открива во новиот извештај на безбедносната фирма F-Secure.

Скоро 79 отсто од целиот откриен малициозен мобилен софтвер во 2012 година се наоѓа во Android апликации. Проблем е што Android забележува 11,2 отсто пораст на малициозен софтвер од 2011-та година. Една причина за зголемениот злонамерен софтвер е што Android станува се популарна платформа. Според извештајот, зголемените бројки се забележуваат во пазарите во развој, додека корисниците од Европа и САД ретко се заразуваат, но сепак треба да останат внимателни кога симнуваат апликации или добиваат мејлови со чудни линкови.

Интересно, иако iOS е далеку побезбедна платформа, сепак сега се забележува пораст во појавата на малициозен софтвер.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top