0 коментари 1 мин. читање

Снимете локација од веб со "Save to FourSquare"

Популарниот сервис за гео-локација FourSquare која сега има повеќе од 15 милиони корисници претстави уште една нова функционалност наречена “Save to FourSquare” која им овозможува на корисниците да сочуваат било која локација од веб во нивната To-Do листа во самата апликација.

Ова е одличен начин да ги сочувате и запомните локациите за кои читате на веб. Oд FourSquare велат дека ова е надополнување на опцијата Radar, која ја претставија неодамна. FourSquare ке ве извести преку нотификација кога сте близу до некое место кое го имате во To-Do листата, додадено преку Radar или пак преку веб.

Овие опции се огромен чекор кон нашата визија да им помогнеме на луѓето подобро да ги истражуваат градовите. Сега е полесно да ги носите со себе и да уживате офлајн во сите локации кои ќе ги откриете онлајн. – велат од FourSquare.

За да започнете со користење на опцијата, следете го следниов линк.
Доколку сте издавач и сакате да ја додадете опцијата на вашиот сајт, следете го овој линк.

Доколку сте корисник на FourSquare, не заборавајте на Super Swarm настанот во Рамстор!

Напишано од

Дамјан е иницијатор и еден од ко-основачите на IT.mk, а исто така и основач на ИТ компанијата IWM Network и на Aqtos, бизнис оперативен систем за компании. Има повеќе од 20 години искуство во развој на дигитални производи, дигитална трансформација, веб-развој, UX/UI, SEO, брендирање и е-трговија.

Мени
Заедница
Изглед
To top