BitTorrent го претстави Bundle за да им помогне на артистите да прават пари

во Веб

Креаторите на BitTorrent креираа нов мултимедијален формат наречен Bundle кој групира повеќе содржини видео, звук и слика, кои се групирани во еден торент фајл.

„Што ако продавницата е во албумот, наместо албумот во продавницата? Што ако секоја содржина може истовремено да биде и флаер, но и самостојна продавница? Што ако можете да ставите код на секој фајл издаден од уметникот?“

Откако BitTorrent беше посочуван како еден од најголемите поддржувачи на пиратеријата, со овој потег се враќаат кон сопствениците на содржината која се споделува. Некои од аналитичарите одат до таму што велат дека Bundle е обид на BitТоррент да се прероди и да го промени мислењето кое јавноста го има за компанијата. Сепак BitTorrent вели дека идејата зад новиот формат е многу поголема револуција во музичката индустрија.

„Идејата е дека доколку ги ставите содржините во Bundle секој креатор ќе може да или да заработи пари или да се поврзе со нов вљубеник во неговата музика, секој пат кога некој превземе или сподели содржина.“

За популаризација на форматот, BitTorrent се здружи со Ultra. Компанијата подарува бесплатна содржина која е своевиден туторијал за новиот формат. Кога корисниците ќе го преземат Bundle од Kaskade веднаш ќе можат да ја преслушаат песната и да го изгледаат видеото. Доколку се регистрираат ќе отклучат и краток фили и проспект за турнејата на DJ-от. За жал дел од Bundle пакетите ќе бараат повеќе од регистрација за отклучување за дополнителните содржини, па така дел ќе мора да ги платите пред да ги отклучите.

[youtube]-fk78WR8ElY[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments