CEED Хаб Скопје нуди бесплатно coworking искуство цел април

во ИТ.МК

Месец април е месец на бесплатно работење во CEED Хаб Скопје. Хабот, кој работи како акцелератор и нуди coworking простор, цел април им дава можност на сите фриленсери, студенти, микро и мали претпријатија, невладини организации, странци, стартапи, креативци, оние кои работат од дома, луѓе кои често патуваат, на кои им треба простор за состанок, да дојдат во нивните простории… повторуваме, бесплатно до крајот на април.

Покрај редовните Акцелераторска и Пред-акцелераторска програма за стартапи, во рамките на бесплатниот месец се организирани различни настани, како бесплатен час со сметководител, правник, маркетер, панел дискусии, работа со бизнис ангели, раскажување успешни приказни, но и многу дружење – вечер за игри, малку готвење, па дури и утринска јога.

CEED Хаб нуди работна околина – биро, пристап до интернет, сала за состаноци, пристап до информации, пристап до знаење, пристап до потенцијални партнери, клиенти и пазари – преку B2B и нетворкинг настани, пристап до финансии – презентација пред Клубот на бизнис ангели на CEED Македонија и поддршка од професионалци.

CEED Хаб Скопје е поддржан од Проектот за УСАИД за микро и мали претпријатија, кофинансиран од Владата на Швајцарија, имплементиран од Центарот за развој на претприемачи и менаџери ЦЕЕД Македонија.

Хабот се наоѓа на ул. Загребска 28 во Скопје, поточни координати на Google Maps.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk