Nvidia ја претстави Titan Xp, Pascal графичките картички конечно компатибилни со macOS

Avatar img-thumbnail img-circle

во Хардвер

Nvidia повторно ги надгради графичките картички. GTX 1080 Ti беше најмоќната картичка едвај неколку недели, а веќе има нова најмоќна картичка. Titan Xp е новата надградба на Titan која повторно ја враќа на врвот.

Titan Xp доаѓа со 3.840 CUDA јадра и 12 GB GDDR5X меморија. Најмоќната картичка доаѓа и со соодветна цена. Новиот „крал“ ќе чини 1.200 долари.

Nvidia конечно креираше Pascal графичка картичка која е компатибилна со macOS. Новиот Titan Xp ќе биде првата Pascal графичка картичка која ентузијастите ќе можат да ја користат во компјутерите на Apple.

Мал проблем може да биде што официјално Apple не поддржува модификација на своите компјутери. Ова им остава малку простор на корисниците. Прва можност се сопствениците на hackintosh, десктоп компјутери прилагодени за macOS. Друга можност се лаптоп компјутерите кои преку надворешен док можеби ќе можат да ја искористат графичката картичка, јави Ars Technica.

Секако далеку повозбудлива можност е евентуалното прилагодување на сите Pascal графички картички. Тоа би овозможило по долго време Apple конечно да ги надгради своите компјутери. Компанијата неодамна најави дека ќе мора целосно да го промени начинот на кој ги развива Mac Pro компјутерите. Неофицијални и непотврдени вести велат дела Apple би можел да го претстави модуларниот Mac Prо кон крајот на 2018 или во 2019 година.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments