0 коментари 2 мин. читање 15 ноември, 2019

CaSys овозможи плаќање со минитаг и стикери.

Процесорот за обработка на трансакции со платежни картички CaSys на своите корисници сега им нуди нов начин на плаќање. Корисниците на сервисот сега ќе може да користат и нови „платежни продукти“ минитаг и стикери.

Станува збор за производи кои се замена или алтернатива на платежните картички и на корисниците треба да им овозможот поедноставно и поудобно искуство. Минитагот и стикерите овозможуват бесконтактно плаќање кое би требало да биде и побрзо од традиционалните платежни картички. Новитетот е реализиран во соработка со Гемалто и АустриаКард, реномирани производители на платежни продукти.

Минитагот е независен уред кој може да се стави на алка за рака или на привезок за клучеви. Налепницата вообичаено се користи со паметни телефони и ги користи сензорите на телефонот, а со RFID чипот се авторизира плаќањето.

„Менаџерскиот тим на КаСис АД и во 2020 година останува посветен на полето на дигиталните технолигии стремејќи се македонскиот финансиски сектор да биде во чекор со светските трендови во сферата на работењето со платежни картички и новите начини и канали на плаќања“, велат од Интернационален картичен систем АД Скопје – КаСис.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top