Низ годините, излегоа повеќе Call of Duty игри отколку што би сакале да броиме, но две работи отсекогаш биле задолжителни за PC гејмерите: филмска кампања за еден играч и адреналински режими за повеќе играчи. Со Call of Duty: Black Ops 4 една од двете работи ќе биде исфрлена.

Доколку може да се верува на Polygon, бројни извори им потврдиле дека играта ќе биде прва без кампања за еден играч, независно од платформата. Според непотврдените гласини, кампањата била планирана, но откако се видело дека нема да имаат време да ја завршат до планираното излегување на 12.октомври, челните лице од Treyarch ја донеле одлуката да се фокусираат на проширување на мрежните елементи, како Зомби модот, а и воведување нови ко-оп модови.

Во поглед на новите модови, постои силно верување дека се работи на Battle Royale мов, во стилот на гигантите PUBG и Fortnite. Таквото нешто, верувал развојниот тим би било сосема доволно да се пополни празнината од недостатокот на кампањата за еден играч.
За Xbox 360 и PS3 сопствениците на Black Ops 3 ова не се разочарувачки вести затоа што тие верзии се испорачуваа без кампањата, но PC гејмерите би можеле да бидат прилично погодени, особено кога ќе се земе во предвид дека одредена група купуваат Call of Duty само за кампањата за еден играч и никогаш не го ни чепнуваат мултиплеер делот. Activision, претпоставуваме, дека не гледаат на сево ова како на ризична стратегија затоа што бројот на гејмери кои купуваат Call of Duty игра само за мултиплеерот е неспоредливо поголем. Исто така, со оглед на тоа дека PR тимот на Activision не ги ни потврдува ни негира гласините, можно е дека чекаат првин да го опипаат пулсот на гејмерите, па тогаш да се изјаснат.

Многу повеќе за Call of Duty: Black Ops 4 ќе се знае на 17.мај.







