Intel и Microsoft ќе ја користат моќта на графичките процесори за да го скенираат вашиот компјутер

Avatar img-thumbnail img-circle

во Софтвер

Microsoft и Intel најавија дека започнуваат да ги користат графичките процесори за скенирање по малициозен софтвер во меморијата.

Intel ја претстави својата Threat Detection Technology (TDT). Технологијата овозможува напредно скенирање на меморијата за малициозен код. Ова пред се е наменето за софтвер кој не се копира на дискот, туку останува во меморијата на инфицираната машина. Овој софтвер е најтежок за детекција и упадите потоа тешко се откриваат. За напаѓачот единствен проблем е што мора одново да го инфицира компјутерот по секој рестарт.

„Трикот“ е што скенирањето на меморија се остава на интегрираниот графички процесор. Со ова, оптоварувањето на процесорот паѓа на 2%. Ова е многу практично во најголем дел од случаите. При обична работа графичкиот процесор не работи речиси ништо, па често е речиси непотоварен.

Сите производители на антивирус или заинтересирани девелопери ќе можат да ја интегрираат оваа можност во својот софтвер, јави Intel. Microsoft e првата компанија која најави дека ќе ја интегрира оваа можност во својата технологија. До крајот на април Windows Defender Advanced Threat Protection ќе ја додаде можноста за скенирање на меморијата со графичкиот процесор, јави Ars Technica.

Advanced Platform Telemetry е технологија за Defender на Microsoft. Наместо да бара за познати вируси или тројанци, технологијата го скенира однесувањето на компјутерот. Ако е забележано нешто невообичаено може да се алмира корисникот.

Intel работи на слична технологија. Софтверот ќе ги регистрира различните операции во процесорот и притоа ќе ги праќа овие податоци до клауд системите. Благодарение на напредокот на вештачката интелигенција сега е полесно да се бара и да се пронајде сомнително однесување.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments