Наместо CableTel сега во Македонија ќе го имаме Blizоo. Компанијата ќе нуди оптичка врска преку која ќе пренесува аналогна и дигитална телевизија, брз интернет-пристап и фиксна телефонија. Oфицијалното појавување на пазарот на брендот е закажано за 14.11, понеделник, а понудите, услугите и продажните салони ќе бидат стартувани веднаш низ Македонија.
Тоа што ќе го нуди Blizoo е дигиталната телевизија со околу 120 „кристално чисти“ канали. Ќе има и избор на HD канала, во моментов само 7 се вклучени во понудите, и ќе има електронски програмски водич со можност за пребарување на содржината. Од декември ќе има можност за снимање и паузирање на програмата.
Оптичкиот интернет ќе биде со брзина од 10 до 50 мегабити во секунда и најавено е дека ќе нема ограничување. Што се однесува до фиксната телефонија, Blizoo вели дека ќе понуди телефонија без претплата, без наплата за приклучок со бесплатни разговори во мрежата на Blizoo. Ова значи дека телефонијата ќе биде спакувана со останатите услуги.
Понудите ќе бидат од единечни, пример само интернет, до комбинација од неколку услуги. Цените на почеток ќе бидат многу слични на тие од CableTel, а потоа ќе зависи од пазарот и понудите. Интересно Blizoo наскоро ќе овозможи и корисничка поддршка преку друштвени мрежи, пример ќе има сервис за пријави дефект преку Facebook, нарачај услуга преку Facebook и други слични сервиси.
Blizzo како бренд прв пат се појавува во 2007-ма година ви Бугарија, инаку е во сопствеништво на шведски приватен инвестициски фонд EQT. За влезот во Македонија EQT во последниве две години инвестираше околу 7 милиони евра во инфраструктурата и логистиката. За во 2012-та најавени се уште 3,5 милиони евра. За разлика од CableTel, Blizzo најави дека ќе има продажни места на поистакнати, поатрактивни места.
„Идејата е со своја сопствена мрежа да го понудат најдоброто на македонскиот пазар кој сè уште е во развој и кој е отворен за новитети.“, вели Катерина Попова, ПР координатор на Blizzo Macedonia.
Коментари
22 коментари
Коментарите се затворени.