Google+ е друштвена мрежа за технолошки ориентирани машки

Google+ од својот почеток па до сега веќе собра над 40 милиони корисници, од кои според SocialStatistics и FindPeopleOnPlus, веб сајтови кои собираат податоци за Google+, поголемиот број се машки. Според овие веб сајтови, на почетокот процентот на машки профили на Google+ изнесувал дури 87 отсто, за сега тој процент да се намали на 68 отсто.

Причината за помалиот број на женски профили присутни на Google+, е тоа што оваа друштвена мрежа има привлечено пред сè технолошки фокусирана публика. Од анализираните, 2.000.000 Google+ профили, веб сајтот FindPeopleOnPlus, има дојдено до заклучок дека две од петте најпопуларни професии на Google+ се поврзани со информатичката технологија. Станува збор за професиите софтверски инжинер и софтверски девелопер. Од анализираните профилим најголем број се вработени во Google и ΙΒΜ.

Дека Google+ e технолошки ориентиран покажува и фактот што најпопуларните личности на оваа друштвена мрежа се поврзани со информатичката технологија. Според SocialStatistics, по бројот на кругови во кои се ставени, на прво место е Лери Пејџ, кој е ставен во 689.681 круг, на трето место е Марк Зукенберг, со 606,041, додека Сергеј Брин е на петто место со 473.643 кругови.

(via Mashable)

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments