Google го спои Google+ со пребарувањето

Google треба да ги прикаже најдобрите резултати за вас, вели интернет пребарувачот. А се чини дека најдобрите резултатити ги вклучуваат пријателите и персонализираната содржина, бидејќи сега Google+ и целиот друштвен аспект на мрежата ќе биде споен со пребарувањето. Тоа отсекогаш беше планот, нели Google?

„Пребарувањето сè уште е лимитирано на универзумот на јавни веб страни, главно од луѓе кои никогаш не сте ги сретнале. Денес, го променуваме тоа така што го приближуваме вашиот свет, полн со луѓе и информации во пребарувањето.“, вели Google во блог пост.

[youtube]8Z9TTBxarbs[/youtube]

Google сега ќе го трансформира пребарувањето во тоа што го нарекува „Search, plus Your World“, кое е достапно само доколку сте логирани на Google+ и го користите безбедносното пребарување https://www.google.com со цел да се има контрола врз приватноста и личните податоци. Новините кои ќе бидат претставени се:

  • Персонализирани резултати. Ова ќе значи дека сега во резултатите ќе се прикажуваат слики и постови од Google+ кои се споделени ексклузивно со вас и со вашите пријатели. Пример, ако пребарувате место за одмор ќе ви бидат прикажани слики од пријателите заедно со нивни Google+ постови кои се релевантни со тоа што го пребарувате.
    Тоа што е интересно е што сега во пребарувањето ќе биде вклучена содржина од Google+ и Picasа, но прашање на време е кога Google ќе ја додаде во пребарувањето и содржината од Google Docs, Calendar, Gmail, Мusic и сите свои сервиси. На крај, можно е Google да стане колку глобален интернет, толку и ваш личен пребарувач. Прашањето е можеби дали со тоа ќе ви го ограничи погледот да биде свртен само кон вашиот свет?

  • Профили во пребарувањето. Ова ќе биде додадено како автоматско комплетирање на терминот кој се пребарува и во резултатите, што ќе помогне полесно да се најдат пријателите, вели Google.

  • Луѓe и страници ќе бидат додадени во пребарувањето, што ќе овозможи полесно следење на нивните друштвени профили. Ова е нешто за кое што пишувавме неодамна.
Покрај овие резултати, се додека сте логирани на Google+, во пребарувачот од страна ќе ви се покажува и таб со лични предлози од Google+ кои се надополнуваат на терминот кој го пребарувате.

Пребарувачот вели дека сега за сега нема да индексира друштвени графови од другите друштвени мрежи, пример Facebook и Twitter, и ќе функционира само доколку сте логирани на Google+.

Секако ќе постои опција на самиот пребарувач да се исклучи пребарувањето со Your World како што Google го нарекува, и да се пребарува генерички без ваши персонализирани резултати, резултати од пријателите или од веб историјата.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
@MrHypnoticMK
14 years ago

>20 5 =5HB> HB> =5 =8 B@510.