Budweiser ќе пренесува фудбалски натпревар oд англискиот ФА куп преку Facebook

Сите љубители на фудбалот можат да започнат да се радуваат бидејќи од сега ќе можат да гледаат фудбал на Facebook. Првиот натпревар од англискиот ФА куп помеѓу тимовите на Аскот Јунајтед и ФК Вембли ќе биде директно пренесуван на Facebook страницата на Budweiser UK, компанија која неодамна стана официјален спонзор на ФА купот, потпишувајќи три годишен договор вреден 40 милиони долари.

Според Budweiser, натпреварот ќе биде достапен само за публиката на кои со закон им е дозволено да конзумираат алкохол. Се разбира, за да го гледате натпреварот најпрво ќе треба и да ја „лајкнетe“ официјалната Facebook страна Budweiser UK.

Натпреварот започнува во петок во 19 часот и 45 минути.

Нисколигашите Аскот Јунајтед и ФК Вембли ги имаат продадено правата за пренос на натпреварот кој ќе се одржи на стадионот на домаќинот Аскот. Претседателот на Aскот Јунајтед , Мајк Харисон, изјави дека е чест да бидат дел од натпревар кој за прв пат ќе биде пренесуван на Facebook. Oва е можност за малите клубови да бидат гледани од публика која брои над 750 милиони гледачи, за разлика од нивниот стадион кој собира само 1,150.

Овој генијален маркетиншки потег на Budweiser ќе им донесе далеку многу повеќе Facebook фанови, како и огромна глобална промоција. Останатите произведувачи на пиво дефинитивно треба да се угледаат на Budweiser.

Facebook пак се има целосно одградено од овој настан, изјавувајќи дека емитувањето на натпреварот не е поврзан со друштвената мрежа на било каков начин.

 

 

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk