Microsoft претстави нови игри и подобра xBox Live интеграција во Windows Phone Mango

во Мобилни

Според тоа што се најавува Windows 7 Phone Mango и сега е спремен да им биде сериозна конкуренција на iOS и Android. Мобилната платформа има потенцијал да биде и конкуренција и на преносните конзоли откако Microsoft на Gamescom 2011 ги претстави Games апликациите за мобилни игри.

Покрај веќе презентираното интегрирање на аватарот од Xbox Live, корисниците сега ќе можат да ги покажат своите „достигнувања“ на аватарот и ќе можете да ги закачите како беџови. Освен ова ќе може да ги користите Live поените за купување на виртуелни „добра“ кои ги користите во игрите или за отклучување на целосни верзии на апликациите. Windows Phone 7 Mango ќе има и „родителски надзор“ кој ќе им дозволува на родителите да го ограничат пристапот до игрите. Последната презентирана услуга беше „Fast Async” која е презентирана како новост, а ќе биде дел од Xbox Live и се очекува да биде пуштена есенва. Fast Async е најавено дека ќе го подобри квалитетот на мултиплеер WP игрите.

Заедно со ова на Gamescom се презентираа и нови игри за Mango. Со ова бројот на игри кој ќе излезе за Windows Phone 7 е зголемен на 60, што е солидна бројка и за конзола, а секако изгледа импресивно за телефон. Oва треба да ги загрижи Nintendo и Sony, привите бидејќи продажбата на нивната преносна платформа 3DS е исклучително лоша во време кога се криза, а вторите бидејќи мора да бидат заинтересирани како ќе се одрази ова на продажбата на нивниот нов PSP Vita.

Од Microsoft најверојатно со овој потег сакаат да го доближат Windows Phone 7 до корисниците на Xbox Live мрежата, кои според маркетинг истражувањата се и најголем дел од луѓето кој сакаат да го променат својот телефон. Останува да видиме колку добро ќе донесе рекламата на Mango како гејминг платформа, и колку од Xbox Live корисниците се спремни да платат за интеграција на својата телефонска линија.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments