2 коментари 1 мин. читање

Бројот на Facebook лајкови не значи ништо ако немате интеракција

Еден од митовите на Facebook е дека можете лесно да купите или со рекламирање да дојдете до стотици илјади фанови на кои ќе им го промовирате својот продукт и ќе си ја зголемите продажбата. Реалноста е сосема спротивна, бидејќи бара залагање околу промоцијата и започнување директна комуникација со фановите. Дерек Мулер од Veritasium направи експеримент за колку корист има од лајковите, соберени преку легалното рекламирање или пак преку нелегалното купување на лајкови од клик-фармите во Индија и Филипините. Иако тој плати да добие многу, многу повеќе фанови, сепак тие фанови беа со лажни профили или од држави каде неговата страница е ирелевантна. Уште полошо, и покрај зголемениот број на фанови, интеракцијата со верната публика остна иста. Бројот на фановите е само смешно мерило за успешност, тоа што е важно е на колку од тие фанови им е гајле за вашиот бренд.

[youtube]oVfHeWTKjag[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top