Хрватско-македонскиот u:Plug доби 100.000 долари за да го модернизира штекерот

Хрватско-македонскиот стартап u:Plug успешно ја заврши втората инвестициска рунда со бугарскиот акселератор Eleven. Акселераторот сега ќе инвестира нови 100.000 долари во стартапот, по првичните 25.000 eвра кои ги доби за влез во менторската програма. Парите ќе бидат трошени за развивање на модерниот домашен штекер, и отварање на канцеларии во Хрватска и Македонија.

„Исклучително сме задоволни од последната инвестициска рунда во нашата компанија. Ова не само што го потврдува поренцијалот, туку ја потврдува и довербата од инвеститорот во нашиот продукт и тимот. Оваа инвестиција ќе ја искористиме да го забрзаме времето до пазарот, ќе започнеме со производство, но и за инвестиција во маркетинг. Наша цел е да направиме револуционерна промена за паметно време на штекерите, сметаме дека сме на вистински пат да ги направиме стандардните штекери застарени“, вели Митко Цабевски од u:Plug.

Иако веќе постојат неколку слични решенија за паметни штекери, тоа што ќе го разликува u:Plug од останатите е квалитетот на производот. Штекерот со освен вообичаените електрични приклучоци, доаѓа и со два приклучоци за USB кабли што овозможуват брзо полнење, без непотребно трошење на електрична енергија и технологија која ја штеди батеријата. Дополнително штекерот има светлосен сигнал кој го известува корисникот за состојбата со полнење на уредите приклучени на штекерот.

Дел од средствата се планирани и за инвестирање во човечки ресурси. Oд u:Plug веќе објавија дека сега Саша Цветојевиќ, познат хрватски претприемач, инвеститор и ментор, ќе биде дел од советодавниот одбор на u:Plug. „Се радуваме на можноста за соработка со г. Цветојевиќ и благодарни сме поради неговата доверба во нас“, вели Митко.

Цената на u:Plug кога ќе биде достапен ќе биде околу 20 евра. Kомпанијата веќе има нарачка од 30.000 штекери, и работи да пронајде партнери и дистрибутери за својот уред во Европа, јави Netokracija.

Претходно со Митко Цабевски разговаравме за македонските стартапи на подкастот #ИТН. Иако подкастот е снимен два дена пред да ја чуеме веста за големата инвестиција, сепак во подкастот Митко, и Теди Пејоски од G6, го споделуваат своето мислење за како може стартап да успее, без врска што е од Македонија.

ITN Podcast E11 by Radio Mof on Mixcloud

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] расправа по шалтери бидејќи неговиот паметен штекер, u:Plug, е ко-основан во Хрватска, што сега е европска земја. […]