0 коментари 2 мин. читање 14 февруари, 2018

Boston Dynamics ја претстави надградбата на SpotMini

Новиот робот на Boston Dynamic, сега може сам да си отвори врата. Гледајќи го видеото споделено од компанијата тешко е, а да не се потсетите на Metalhead епизодата од Black Mirror.

Роботот SpotMini сосем сам со помош на раката на горниот дел ја отвора вратата слично, ако не и идентично како тоа што би го направил и човек. Раката се наоѓа на предниот горен дел на роботот и според димензиите, се чини дека би можела да дофати и подалеку од кваката.

Самото отворање на вратата и потегнување на кваката, како што може да видите и на видеото, изгледа прилично импресивно. Видеото започнува со робот без додаток, кој самиот не може да ја отвори вратата. Па по неколку секунди доаѓа „пријателот“ и му отвора. Влегувањето на двата роботи еден по друг е помалку морничаво.

Роботот е супер достигнување на технологијата. Дополнителните додатоци кои може да му се додаваат се импресивни.

Boston Dynamics до неодмана беше дел од Google. Сепак, гигантот ја продаде компаниајта на SoftBank во кој Boston Dynamic продолжува со развој.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
To top
{title}