0 коментари 1 мин. читање

Google ќе претстави имејл што прави автоматски апдејт

Наскоро корисниците на Gmail ќе започнат да добиваат динамичка електронска пошта. Ова би овозможило содржината која пристигнува до корисниците секогаш да биде точна.

Секако ова нема да има преголема улога во вообичаената комуникација, но би можело да има широка примена при испраќањето на „newsletter“. Пример, онлајн продавница би можела да испраќа каталози, а производите би билe со постојано точна цена. Дополнително, во електронската пошта, авионските карти би можеле да го содржат точниот час на полетување, иако летот е поместен, јави Reuters.

Технологијата е овозможена и е дел од AMP проектот на Google. AMP овозможува побрзо вчитување на страниците преку отстранување на делови од технологија.

AMP е интегрирана на Gmail, но ќе може да ја користат и останатите имејл сервиси.

Технологијата е наменета токму за корисници кои праќаат куп мејлови. Пример, продавници кои имаат специјални понуди. Партнери на Google кои го тестираат AMP за имејл се Doodle, Booking и Pinterest.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top