0 коментари 1 мин. читање 6 декември, 2012

Апликација на денот: Тестирајте го вашиот Android со AnTuTu 3 Benchmark

AnTuTu е бесплатна и навистина популарна апликација за тестирање на брзината на вашиот Android паметен телефон, и резултатите да ги споредувате со резултатите од останатите уреди.

AnTuTu бенчмарк може да направи целосен тест на вашиот уред преку мерење на перформансите на меморијата, CPU Integer Performance, CPU Float Point Performance, 2D и 3D перформанси на графичката, брзина на запишување и читање од мемориската картичка, Database IO тест. Според резултатите од овие тестирања, апликацијата дава оцена на вашиот хардвер.

Tочnoста на информациите кои ги вади оваа апликација може да бидат дискутабилни, но сигурно е една од најреалните, а според бројот на преземања и најдобра апликација за оваа намена. Преземете ја апликацијата од Google Play маркетот и тестирајте ја брзината на вашиот уред.

Напишано од

Борис Кузманов

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top